10 зачудувачки факти што не сте ги знаеле за Јапонија

1587

Од најнавредливите зборови во јазикот до невообичаени прехранбени и културни навики – Јапонците се навистина интересен народ.

Познати како работлив и вреден народ, Јапонците се често вистинска енигма за Западот. Така, додека за едните се фасцинантни, другите нивното студенило ги одбива, но без прашање мора да им се признае дека држат до сопствената култура и идеали. На пример, светската јавност ги воодушевила веста за тоа како јапонската компанија “Akagi Nyugyo Ко” објавила видео извинувања за зголемувањето на цената на својот култен сладолед “Гари-Гари Кун.”

За работењето на компанијата да остане во одржливо, тие морале да ја зголемат цената на сладоледот од 60 на 70 јени, што претставува зголемување од 9%.

Компанијата сладоледот го произведува веќе 25 години, а неговата цената останувала иста, иако цените на состојките и работата во тие две и пол децении повеќекратно растела. Но, тие не можеле да издржат повеќе и морале да ја качат цената, но така што во рекламе спот пред тоа се извиниле за тоа.

Ова се 10 помалку познати факти за Јапонија:

  • Идиот е најнавредливиот збор во јапонскиот јазик.
  • Јапонците јадат делфини.
  • Ако оставите бакшиш, со тоа нема да направите добро, бидејќи тоа се толкува како потценување на работата на келнерите.
  • Шансите во Јапонија да ви го вратат паричникот со сите пари и картички внатре сѐ уште е над 90 отсто.
  • Токио се смета за многу безбеден град, а децата го користат јавниот превоз сами веќе на возраст од осум до девет години.
  • Работата од 18 часа без пауза не се гледа како нешто необично, ако постојат рокови или слична ситуација.
  • Во Јапонија, на улиците често можат да се видат вазни со чадори, па ако почне да врне, секој може слободно да се послужи со нив.
  • Во Јапонија месеците немаат имиња, туку само бројки.
  • Јапонија е единствената земја во светот која сѐ уште има император на своето чело.
  • Сировото коњско месо е популарна храна во Јапонија.