10 ПРАВИЛА ЗА ВОСПИТУВАЊЕ СИНОВИ

855

Американската новинарка Табита Студер, мајка на двајца синови, ги собрала советите од други мајки за воспитување на машки деца.

Мајката е најважната жена во животот на нејзиниот син. Неговата прва љубов и првиот наставник и личност чии совети ќе ги бара доживотно. И затоа американската новинарка Табита Студер, мајка на двајца синови, ги собрала советите на другите мајки за воспитување на момчињата.

1. Сакајте го, многу, многу

Секоја мајка која има син знае колку момчињата знаат да бидат вистински галеничиња.Tиe исти галеничиња, поголемиот дел, со година дена можат да бидат многу живи, малку груби и деструктивни. Во моментите кога вашето мало суштество ќе ја покаже својата мека и чувствителна страна, па ќе ве прегрне и ќе го посака вашиот допир, тогаш не ги штедете вашите чувства.

Бакнувајте го, гушкајте го и галете го онолку колку што можете. Бакнежите и допирите се важни во развојот на децата, што во најголем дел ќе дојде до израз кога вашето бебе ќе стане маж, кој не се плаши да покаже емоции. И тогаш сакајте го.

2. Научете го на домашните работи

Ако вашиот син ве гледа додека готвите, чистите или подготвувате алишта за перење, дозволете му да ви помогне. Објаснете му што правите и обидете се симболично да му пренесете дел од работата.

Кога вашето бебе ќе стане момче, тие работи повеќе нема да бидат за него забавни, но ќе знае сè да работи и ќе може лесно да стане независен.

3. Дозволете му да ја извалка и да ја искине облеката

Момчињата се секогаш разиграни и палави, што често доведува до мали инциденти, како што е искината и извалкана облека.

Со нервирање околу такви ситници и забрани нема да постигнете ништо, скокање, паѓање и уништување се само дел од растењето, кои се често поизразени кај момчињата.

4. Покажете му примери на добри мажи

Вашиот син ќе биде опкружен со мускулести ликови под маски од цртаните филмови кои со својот изглед привлекуваат внимание, од како ќе се роди.

Погрижете се да му пријдете и да го запознаете со мажи кои “растураат”, но не со сила и моќ, туку со главата. Писатели, сликари, физичари, компјутерски работници, добитници на Нобелова награда …

5. Покажете му примери на добри жени

Фотографии од убави жени во списанија, каталози или од светот на познатите и славните се нешто со што вашето дете ќе расне.

Освен ваквите ставови на припадничките на спротивниот пол, погрижете се да дознае кои се жените кои своето место меѓу славните личности го пронашле поради нивниот талент, знаење, упорност, и своите животни ставови.

6. Научете го на убаво однесување

Децата апсорбираат како сунѓер, и секоја информација која ќе ја споделите со својот син ќе биде зачувана во неговото сеќавање. Научете го како да јаде без да срка и шлапа (гласно да јаде), покажете му што значи да се биде пристоен кон постарите, послабите и девојчињата.

Откако еднаш ќе стане маж, ќе бидете горди на него, а вашето пристојно синче секоја мајка ќе го посака за зет.

7. Поттикнете ја неговата нежна страна

За разлика од девојчињата, момчињата не сакаат да ги покажуваат своите чувства, а тој природен инстинкт “ја прикрива” нивната скриена нежна страна.

Покажете му што значи нежност и дозволете му сам да ја почувствува и да ја покаже кон бебето, животните, растенијата, но и кон други деца и возрасни.

8. Дружете се со него надвор од домот

Иако поголемиот дел од татковците кои своите темпераментни момчиња ги водат на спортски настани, возење велосипед или играње со топка, вие понекогаш можете да се приклучите во овој дел од забавата.

Покажете му дека сте одлична мајка која го разбира во секој поглед, па така и во “машките” активности.

9. Нека го почувствува поразот

Никој не сака да губи и тоа е забележано во најраната возраст. Но, поразот е дел од животот што вашиот син наскоро ќе го сфати. Ако загуби во некоја игра или натпревар, нека биде лут и малку разочаран.

Тоа се нормални чувства со кои е подобро да се сретне во најраната возраст. Колку порано сфати дека не секогаш го добиваме она што го сакаме, тоа ќе го олесни неговото растење.

10. Вклучете се во неговиот живот надвор од дома

Додека се мали, момчињата се многу поврзани со мајката, но со текот на времето почнуваат да се интересираат за активности надвор од домот, далеку од вас. Обидете се да се вклучите во работите кои ги интересираат и во кои ужива.

Ако се занимава со спорт, следете ги неговите настапи, успеси и неуспеси, кога ќе почне да излегува, дознајте кои се неговите пријатели и запознајте ја неговата симпатија.

Споделете со вашите пријатели