АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

1-2 капки сок од цвекло прават чуда со затнат нос

By kukuriku

April 24, 2021

Овој зеленчук е погоден за спортисти, кои се стремат кон поголема издржливост.

Утврдено е дека пиењето на сок од цвекло во тек на 4-6 недели ја стабилизира состојбата на организмот.

Содржи многу состојки кои помагаат на исфрлање на токсините, ја подобрува функција на црниот дроб и прочистувањето на крвта, затоа е и многу погодна храна за време на радиотерапија и дебелината.

Овој зеленчук е погоден за дијабетичари, а хлорофилот кој го содржи им помага на оние кои страдаат од анемија, особено во комбинација со сок од репка и моркови.

Кај висок крвен притисок и како капки за нос

Една од најважните состојки на црвената репка се антоцианите (бојата на пигментот), кои имаат антиоксидантни својства. За стимулирање на имунолошкиот систем цвеклото може да се пие во комбинација со имуно стимулатори и антиоксиданси како женшен.

Во зимските месеци при настинка пак може да капнувате по 1-2 капки сок од цвекло во ноздрите и така вашата состојба сигурно ќе се подобри. Ако страдате од висок крвен пак, се комбинираат цвекло и мед. А за да се радувате на нормален крвен притисок и добар холестерол – јадете и салата од цвекло.

За спортисти

Интересен факт е дека цвеклото е и соодветен зеленчук за спортисти, кои се стремат кон поголема издржливост, поради нитратите кои содржи. Освен што ги штеди резервите од кислородот во организмот, тоа дава и чувство на помалку исцрпеност.

Имајте на ум дека и покрај сите позитивни квалитети сокот од цвекло не треба да се зема повеќе од 4-6 недели. По овој период е потребен одмор, бидејќи континуирано пиење на сок од цвекло ја олабавува функцијата. Затоа пијте елексир со мерка и радувајте се на добро здравје.