Жените упорно ги прават овие нешта, а не се одобрени од гинекологот

4261

Жените упорно ги прават овие нешта, а не се одобрени од гинекологот и предизвикуваат голема штета на интимната област!

Сите жени сакаат да бидат добро запознаени со своите регии во долниот дел од телото. Но, нашите лекари би сакале да се држиме до некои правила.

Подолу ви предлагаме некои од навиките кои ги прават многу жени, а кои гинеколозите би сакале да престанеме да ги правиме.

Одење во испотена облека во сала за вежбање

Зафатени сте, а веднаш треба да почнете да подготвувате вечера или брзате некаде по налог откако сте се испотиле – но не го правете тоа. Жените секогаш треба да ја соблечат испотената облека веднаш по активностите, бидејќи различни бактерии растат главно во топли и влажни средини и лесно можат да доведат до инфекција.

Претпоставка дека тешко менструалното крварење е нормално

Без оглед на возраста или колку мислите дека сте блиску до менопаузата треба да се прегледате ако мора да менувате тампон или влошка на секои два часа или употребувате двојна заштита, и тампон и влошка – за да избегнете инцидент.

Просечната загуба на крв во текот на целиот менструален циклус треба да изнесува околу 80 милилитри. Тешкото менструално крварење е предупредувачки знак, и треба да се јавите кај вашиот лекар во случај тоа постојано да се повторува.

Носење танга

Според многу лекари, тангата може да ја развлекува и да ја собира кожата, да предизвикува иритација, и да не овозможи секогаш вентилација. Без циркулација на воздухот, таа област може да стане погодна за развој на бактерии. А да не спомнуваме колку обичните памучни гаќички се поудобни …

Не верувајте во сè што ќе прочитате на интернет

Дали постојано ги проверувате симптомите на интернет? Внимателно со интернет пребарувачите! Со истражување на некои реномирани страници за здравје е добро место за почеток, но не го заборавајте вашиот личен доктор. Тој е доктор за сѐ.

Сами лекувате она за што мислите дека е инфекција

Многу жени веднаш купуваат производи за инфекции при првиот знак на вагинални промени или чешање. Но, не секогаш инфекцијата е во прашањеа, така што тоа дејствие може да доведе до попречување при поставување на вистинската дијагноза и да доведе до влошување на симптомите.

За повеќе постови за здравјето, не двоумете се и почесто посетете ја веб-страницата www.kukuriku.com.mk и споделете со вашите пријатели.