Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието

2163

Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на РМ и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потрдија собраниските служби.

Веднаш по влегувањето во кабинетот, Џафери имаше средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој објави фотографија од средбата на Твитер и напиша дека ЕУ е подготвена да работи со новиот собраниски спикер за неопходните реформи за евро-атлантска интеграција на земјата.

Талат Џафери во четвртокот беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии. Неговиот избор го оспорува ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи го како неуставен и неделовнички.

mia.mk

loading...