Што ќе се случи ако Сонцето згасне на еден ден? Видео

1070

Американски научници создадоа компјутерска симулација, при која Сонцето исчезнува на 24 часа, и којашто прикажува какви последици би имало тоа врз Земјата.

Веднаш пo замрачувањето на Планетата, за осум минути небото ќе поцрни, а растенијата ќе престанат да произведуваат кислород. Температурата на воздухот првично ќе падне до 5 – 7 степени Целзиусови. Потоа, насекаде по светот ќе има пад и хаварии во електричните мрежи, а некаде и зголемување на нивото на водите и поплави.

Тоа во многу места ќе предизвика целосен мрак, нагол студ, хаос и, секако – човечки жртви. Само за морската флора и фауна нема да има штетни последици.

loading...