Што ви е гајле кога ќе родам дете

2177

Речиси и не постои жена во 20-тите и 30-тите која барем еднаш не го слушнала прашањето: “Кога ќе има бебе?”.

На оние кои упорно ги испитуваат жените зошто сѐ уште немаат деца, одлучи да им се обрати американската писателка Емили Бингам.

На Фејсбук објавила апел до сите оние кои мислат дека е нормално да се става носот, напоменувајќи дека честите прашања и несмасните коментари можат да бидат вознемирувачки, особено поради тоа што жените не ја откриваарт секогаш причината заради која немаат деца која за нив може да биде многу болна.

Нејзиниот пост е поделен 60.000 пати, лајкуван 23.000 пати и собра, најмногу, позитивни коментари.

Под ултразвукот, Емили напишала:

– Ова е само пријателски апел дека човечките репродуктивни и пронатални планови и одлуки не се ваша грижа. НЕ ВЕ ЗАСЕГААТ! – напишала и додала:

– Пред да му поставите прашање на еден млад пар, кој долго време е заедно, дали размислува за принова, или родителите на едно дете дали малечкиот ќе добие братче или сестричка, пред да ја потсетите жената во 30-тите години дека биолошкиот часовник отчукува, застанете, бидејќи не знаете кој е неплоден, кој го претрпел абортусот, а кој има проблеми во врската или е под голем стрес.

Навидум невиното прашање може да наштети некому или да предизвика стрес кај него, а таа тоа го знае од сопствениот, но и искуството на своите пријатели, пишува Independent.

Нејзината блиска пријателка повеќе од една година се обидува да забремени, а штом роди почнале да ја прашуваат кога ќе добие второ дете.

Оние кои ја виделе нејзината објава, ја поддржале.

“Никогаш не ми беше јасно зошто таквите одлуки треба некому да им се објаснуваат, но мило ми е што го направи тоа толку убаво”, напишала една жена.

loading...