Циндриќ го постигна најубавиот гол во ЛШ | Видео

272

Централниот бек на Вардар, Лука Циндриќ го постигна најубавиот погодок во Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017.

Голот на Хрватот во полуфиналето на Ф4 во Келн против Барселона со кој Вардар обезбеди финале, а потоа и го освои трофејот, се најде на врвот во изборот на ЕХФ – ТОП 30 погодоци.

Од македонските ракометари, во овој избор на ЕХФ е голот на Дејан Манасков против Киелце, а од вардаровите играчи се погодокот на Иван Чупиќ во финалето против ПСЖ, како и гол на Тимур Дибиров.

Тука е и поранешниот играч на македонскиот и европски шампион Алекс Душебаев.

loading...