Физичките активности се сојузник во борбата против настинките

737

Ако припаѓате на лицата кои при студено време стануваат мрзливи и престануваат со физички активности, експертите откриваат зошто сепак не треба да се откажувате од вежбањето дури и кога температурите се движат околу нулата. 

Вообичаеното траење на симптомите на настинка во просек изнесуваат околу 13 денови.

Меѓутоа, американските научници утврдиле дека кај лицата кои вежбаат пет пати неделно, настинките траат речиси двојно пократко (траењето на симптомите е скратено за 43 отсто), додека самите симптоми на болеста се со помал интензитет за 45 проценти.

loading...