Секојдневни навики поради кои изгледате 10 години постаро

1791

Тајната на здравјето и младоста им е позната на сите.

А правилната исхрана и спортот секогаш одат заедно.

Но, состојбата на вашата кожа не само што открива дали водите здрав или нездрав начин на живот, туку, исто така, кажува и за “безопасните” навики кои со тек на време, имаат негативно влијание на вашата кожа.

Спиете свртени на стомак

Кога спиете на стомак, вашата глава е свртен на страна. Тоа создава напнатост во мускулите на вратот и на рамената, како и несоодветно снабдување крв во вашиот мозок. Темните круговите под очите и отоците на лицето се непријатните последици од таквата позиција. Обидете се да спиете на грб или настрана, но не постојано – истата положба може да го промени обликот на лицето.

Особено важно за кожата е избор на вистинска перница. Ако спиете на многу висока перница, се запира протокот на крвта и се создаваат дополнителни брчки на вратот.

Не носите очила за сонце

Правилната заштита од сонце е тајната за здрава кожа. Покрај тоа, кожата околу очите е многу тенка и затоа лесно се добиаат брчким по одблесокот на сонцето. Обидете се секогаш да носете очила за сонце во текот на сончевите денови, па дури и зиме.

Неправилно држење на телефонот кога зборувате

Држејќи го телефонот помеѓу увото и рамото предизвикувате брчки на вратот. Ако честопати зборувате на телефон, користете ги слушалките или вклучете го звучникот.

Честопати користите телефон или таблет

Обично телефонот го држиме на растојание и со главата гледаме надолу, што може да предизвика гужвање на кожата околу брадата и создадат брчки. Обидете се да не ја држите главата надолу кога пишувате пораки или кога ги читате.

Ја потпирате брадата со рака

Кога седите пред компјутер или кога читате, не ја потпирајте брадата со рака, туку обидете се тоа поретко да го правите. Кожата на лицето станува помалку еластична во таква положба која предизвикува појава на брчки.

Користете го клима уредот

Климатизерите го сушат воздухот и како резултат на тоа кожата станува сува и склона кон оштетувања. Затоа, добро негувате ја.

Извор: brightside

loading...