Русија работи на ново хиперсонично оружје | Руската Плазма од експериментите на Тесла | Видео

1432

Руското Министерство за одбрана разработува ново хиперсонично вооружување, кое ќе се користи со помош на плазма, соопштија руските власти.

– Речиси го усовршивме новото хиперсонично оружје, коешто користи сосема нови материјали и системи за управување, што пак, работат совршено на нов принцип – во плазма. Овие разработки се неопходни во современата армија, заради натпреварот во научно-техничката револуција, изјави рускиот заменик министер за одбрана Јуриј Борисов за весникот „Звезда”.

Yuri Borisov

Натаму, тој истакнува дека најновите системи на вооружување, пред се, се насочени кон поскоро откривање на противникот и негова побрза елиминација.

Руските власти, исто така, навестуваат и пософистицирано ласерско и електромагнетно вооружување.

loading...