Промоција на книга за Шопен

958

На 9 март, во Младинскиот културен центар со почеток во 19,30 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Фредерик Шопен поетот на музиката“, чиј автор е македонската уметница, пијанистката Даница Стојанова.

„Книгата е наменета за сите млади уметници кои го изучуваат пијаното, но е напишана така да биде достапна и за широката популација, за сите вљубеници во најубавата уметност – музиката“, вели проф. Стојанова.

Книгата е во издание на Друштвото за издавачка дејност „Паблишер“, а е поддржана од Министерството за култура. Музиката на Фредерик Шопен е мост што ја поврзува Полска со светот, а сите нас не облагородува со своето богатство со кое бесконечно не задолжи.

loading...