Откриен „еликсир на младоста”: Почнува тестирање и на луѓето

6573

Американски научници тврдат дека откриле природно соединение во авокадото, брокулата и краставицата, кое покажало „исклучителен ефект против стареење на глувците, а може да биде делотворен и кај луѓето“. 

Истражувачите, кои почнале клинички испитувања на мала група луѓе, изјавија дека кај постарите глувци, на кои им давале соединение НМН во водата, забележале многу корисни ефекти.

Нивното ниво на физичка активност се зголемило, густината на коските и мускулите била подобрена, имунолошкиот систем и црниот дроб работеле подобро, нивниот вид се подобрил, а дури и изгубиле на тежина.

Истражувачите почнале да ги испитуваат својствата на протеинот НАД, кој е вклучен во производство на енергија во телото.

Како што стареат животните, произведуваат се помалку НАД. Обидот да се зголеми допопнителниот број на НАД пропаднал, па истражувачите побарале начин на кој ќе го зголемат неговото создавање во телото.

За таа цел, на глувци им давале НАД, кој освен во наведеното овошје го има и во зелката и гравот, така што го ставале во водата за пиење, за да утврдат дали може да се зголеми производството на НАД и дали има дејство на подмладување.

бели глувциНа прашањето дали ова успеало, проф. Шин-Ичиро Имаи од Универзитетот „Сент Луис“ во Вашингтон, кој ја предводи студијата, дава потврден одговор.

– Всушност НМН покажа дека има исклучителен ефект против стареење кај глувците. nbsp;Покажавме начин како да се успори физиолошкиот пад кој е забележан кај постарите глувци. Ова значи дека постарите глувци сега имаат метаболизам и енергија на ниво кое е слично кај младите глувци, изјави Имаи.

Професорот е оптимист дека клиничките испитувања на луѓето, кои се спроведуваат во Јапонија, ќе дадат слични резултати.

– Бидејќи човековите клетки имаат сличен процес на производство на енергија, се надеваме дека со оваа метода ќе можеме да им помогнеме на луѓето да останат здрави со години, додава Имаи.

loading...