Неодолива сладолед торта

580

Уживајте …

Потребно
1 л млеко
250 гр шеќер
2 кесички (20 гр) желатин во  прав
400 гр шлаг во прав
300 гр мелени плазма бисквити
500 гр смрзнати малини
2 кесички (80 гр) шлаг во прав + млеко или вода

сладолед торта со малини - Copy-001

Подготовка

– Во сад на рингла загрејте ги до вриење млекото и шеќерот.

– Тргнете го садот од рингла и додадете го желатинот, претходно подготвен според упатсвото на кесичката. Убаво измешајте додека да се растопи целиот желатин и оставете да се излади на собна температура (3-4 часа). Потоа ставете го садот во фрижидер уште 3-4 часа.

– Извадете го садот од фрижидер и со миксер изматете го желираното млеко. Постепено со постојано матење додавајте го шлагот во прав и матете додека не добиете убава кремаста смеса.

– Смесата поделете ја на два дела, така што едниот дел да биде малку повеќе (2/3 од смесата). Во овој дел додадете ги мелените плазма бисквити, а во вториот дел додадете ги смрзнатите малини.

– Еден подлабок кружен сад обложете го со фолија и сипете 1/2 од смесата со бисквити, потоа целата смеса со малини и на крај преостанатиот дел од смесата со бисквити.

– Садот ставете го во замрзнувач на неколку часа или преку ноќ.

– Смрзнатата трта превртете ја на чинија, тргнете ја фолијата и украсете ја со претходно подготвен шлаг (според упетството на пакувањето).

– Тортата чувајте ја во замрзнувач.

loading...