Најави за настани во Македонија

502

Охрид – Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска ќе се обрати на отворање на третиот годишен состанок на Дијалогот на Југоисточна Европа за управување со интернетот (SEEDIG – South Eastern European Dialogue on Internet Governance). (х. „Метропол” / 9:00)

Скопје – Прес-конференција на гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов во врска со редовната ревизија на макроекономските проекции. (НБРМ, сала за состаноци на 8 кат / 13:00) 

Скопје – Промоција проект за зајакнување на социјалното претприемништво  финансиран од Европската унија. (Филозофски факултет / 11:00)

Скопје – Трибина на тема „Националните симболи и политичките идентитети во Република Македонија“ во организација на Здружението на граѓани Центар за креативен меѓународен дијалог. (Даут-пашин амам / 12:00) 

Скопје – Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија, на тема „Туристичките агенции со анализа пред почетокот на летната сезона“. (ССК / 12:00) 

Скопје – Фармацевтската комора на Македонија ќе одбележи 25 години постоење на свеченост на која ќе се обрати нејзиниот претседател Бистра Ангеловска. (х. „Парк“ / 19:30) 

Скопје – Промоција на книгата „Мојата македонска приказна“ од Ацо Станкоски во издание на „Ѓурѓа“. (Галерија на Младинскиот културен центар / 12:00) 

Битола – Литературен, музички и танцов перформанс „Ние сме Љубов“. (Универзитетска библиотека/11:00)

Рим – Настап на етносоставот „Баклава“ во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“. (Театар Ghione) 

Скопје – Со концерти на Дамир Имамовиќ од Босна и македонскиот етносостав „Љубојна“ ќе биде отворен 16. ОфФест. (Македонски народен театар / 20:00) 

Скопје – Проекција на документарниот филм „Фини луѓе“ во организација на Амбасадата на Шведска. (Кинотека на Македонија / 20:00) 

Белград – Македонски дизајнерски производи ќе учествуваат на изложбата „Помеѓу“ во Белград.

Тетово – Прес-конференција на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово по повод 36-тото искачување „Титов Врв 2017“ на 27-28 мај на Шар Планина. (Ресторан „Арена“ / 11:00) 

МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини.
loading...