Мудроста на Буда | Буда и младиот човек

5157

Еден ден, Буда се шетал низ селото. По некое време му пришол еден многу лут и непристоен млад човек кој апочнал да го навредува.

„Ти немаш право да ги подучуваш другите“, викнал тој. „Глупав си како и сите останати. Ти си еден обичен лажго.“

Буда не се вознемирил од овие навреди. Наместо тоа, го прашал младиот човек: „Кажи ми, ако некому дадеш подарок, а таа личност не го прифати, тогаш кому му припаѓа тој подарок?“

Младиот човек бил изненаден од необичното прашање и му одговорил: „Подарокот би ми припаднал мене, бидејќи јас го купив.“

Буда само се насмевнал и рекол:

„Тоа е точно. Истата работа е и со твојата лутина. Ако ми се налутиш и јас не се навредам, тогаш лутината ти се враќа назад. Тогаш ти си тој кој ќе стане несреќен, а не јас. Со сѐ што си направил, си се повредил себеси. Ако сакаш да престанеш да се повредуваш, тогаш мора да се ослободиш од лутината и да се наполниш со љубов. Кога ги мразиш другите, ти стануваш несреќен. А, кога ги сакаш другите, тогаш сите се среќни.“

loading...