МИА | Најави за настани во Македонија

585

Скопје – Одбележување на 9 Мај – Денот на Европа:

  • Секретаријатот за европски прашања организира „Појадок со ЕУ“ на кој обраќања ќе имаат вицепремиерот Арбр Адеми и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар. (Клуб на пратеници /9:00; пристигнување на новинарските екипи до 8:30)
  • По повод Денот на Европа, членовите на ЕУ инфомрежата ќе организираат над 30 настани во повеќе градови во Македонија, кои ќе ги посети и ЕУ автобусот. (12:00) 

Скопје – Министерот за економија Дритон Кучи ќе се обрати на советување на тема „Реорганизација на должникот во стечајна постапка“ во рамки на проектот „Зајакнување на административните капацитети за имплементација на законската рамка за стечај и ликвидација на трговските друштва“. (х. „Арка“ / 11:45)

Скопје – Седница на Асоцијацијата на автомобилската индустрија во рамки на Советот на странски инвестори при Стопанската комора на Македонија. (Простории на „Ван Хол Македонија“, ТИРЗ Скопје 2, Бунарџик / 11:00; Обиколка на производствените погони / 11:00-11:30; Изјава за медиумите од Аврам Стојчевски, директор на „Ван Хол Македонија“ и претседавач на Асоцијацијата  / 10:30) 

Битола – Академска трибина „Живот во ранец: Миграциските политики, балканската рута и развојните перспективи на ЕУ“. (Ректорат, свечена сала, Правен факултет-Битола / 13:00)

Скопје – Прес-конференција на Синдикатот на одбраната и безбедноста. (Зграда на поранешна ТА „Путник“ на ул. „Македонија“ бр. 21 / 1, кат 1 / 12:00) 

Скопје – Прес-конференција на Независен синдикат на полицијата. (Канцеларија на НСП во ГТЦ / 12:00)

Скопје – Граѓанското здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ во рамки на 19-тата акција „Пролет 2017“ организира  засадување зимзелени садници. (Парковски површини во дворот на ГОБ „8 Септември“ / 10:30) 

Скопје – Националниот совет за родова рамноправност  организира акција за собирање предлози од жени пензионерки. (Парк „Жена-борец“ / 11:00)

Штип – Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе го одбележи Денот на Европа со настанот „Човекови права, говор на омраза и антидискриминација“. (Свечена сала на Правен фалултет, стар Ректорат / 11:30; Изјави за медумите 11:20) 

Скопје – Општина Карпош организира манифестација „Испаќање на Ѓурѓовден“ за граѓаните Роми од Општината. (Кај Амфитеатарот на кејот на Вардар / 16:00) 

Скопје – Францускиот институт-Скопје организира предавање и дебата на тема „Еднаквоста помеѓу жените и мажите според Советот на Европа“ на Ан Негр, експерт во Советот на Европа. (ЕУ Инфоцентар / 19:00) 

Скопје – Со премиера на операта „Травијата“ од Џузепе Верди во режија на Верена Штојбер, почнуваат 45. Мајски оперски вечери. (Македонска опера и балет / 20:00) 

Скопје – Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Руската Федерација ќе отвори филмски циклус „Руски воени филмови“ по повод Денот на победата над фашизмот. (Кинотека на Македонија / 19:00)

Битола – Свечено затворање на Интернационалниот фестивал на монодрама и концерт на театарска музика. (Центар за култура / 20:00)

Велес – Кумановскиот театар ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес со претставата „Бегај, еве ја жена ти 2“ во режија на Коле Ангеловски. (Велешки театар / 20:00) 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
loading...