“Како избегав од Саентологијата” | Лидерот на тиранијата и заплашувањето во најелитната секта во светот

707

Книгата со наслов “Без скрупули” – Саентологијата, мојот син Дејвид Мискавиж и јас” на Рон Мискавиж привлече големо внимание и пред да биде објавена.

Осумдесетгодишниот татко на лидерот на Саентолошката црквата, Дејвид Мискавиж, во неа го опишува времето поминато во “Златната база” на сектата во близина на градот Хемет во Риверсајд (Калифорнија), насилните методи на својот син и за тоа како тој самиот по 40 години ѝ го свртел грбот на сектата.

РонМискавиж“Тоа беше бекство, мислите дека оттаму можете туку така да излезете надвор? Не. Тие ве задржуваат! Но, јас успеав да избегам”, пишува Рон Мискавиж, а пренесува германскиот “Билд”.

Тој вели дека територијата е обезбедена со ограда со шилци и дека се извлекол со помош на трик: со дозвола од стражарите, тој често го посетувал музичкото студио во близина, и секогаш уредно се враќал назад. Затоа, никој не се посомневал, кога тој и неговата сопруга Беки одлучиле да избегаат.

“Ние се возевме бавно, така да не го привлечеме вниманието. Потоа свртев лево и дадов гас. Знаев, сега сме слободни, нема повеќе да нѐ фатат”, вели Рон Мискавиж. Се возевме три дена без пауза, додека не пристигнавме кај мајката на мојата сопруга во Висконсин.

Книгата открива дека Дејвид Мискавиж се приклучил на сектата во 16-тата година, и заради неа тој го напуштил семејството. Според зборовите на неговиот татко, во тоа време бил мило и шеговито момче. Кога таткото, десет години подоцна, во 1985 година, и самиот ѝ се приклучил на сектата, неговиот син повеќе не бил истиот: “Еднаш му довикнав од далечина: “Еј, Дејв, а тој се сврте и рече: “Со кој ти разговараш?”

Саентологија

Таткото го опишува својот син како каприциозен и горд човек кој владее со цврста рака. Во една прилика тој речиси еден час викал на татко му пред толпата следбеници.

По смртта на основачот на сектата Рон Хабард во 1986 година, Дејвид наводно, се обидувал со сите средства да дојде на челото на сектата. “Тој имал авторитет, тој знаеше како да зборува. Неговото мото беше: “Ако те слушаат, имаш моќ. И тие го слушале”, пишува Рон Мискавиж.

Додека Дејвид Мискавиж ужива во луксузот, другите членови на сектата живеат во сиромаштија. Заплашувањето, често со употреба на сила, е вообичаено средство против оние кои ќе се осмелат да се побунат.

Дејвид Мискавиж

Дејвид Мискавиж

Саентолошката црква ги спори наводите во книгата и тврди дека тие се “лаги и клевети”, а во писмото на адвокатот, до кој дојде критички настоениот сајт “The Underground Bunker” од издавачката куќа која ја објавила книгата беше побарано да ги избрише овие делови.

loading...