Како да ги смирите децата на јавно место

3578

Кога децата ќе почнат да плачат и врескаат, родителите се чувствуваат непријатно и незнаат како да реагираат.

Колку пати сте виделе дете на јавно место да плаче, а неговите родители да не реагираат и продолжуваат да разговараат со пријателите, пијат кафе или телефонираат. Експертите велат дека тоа за почеток е многу некултурно, а потоа и лош гест во воспитувањето.

Не само што ги иритира минувачите, ги нервира гостите во кафулето или на кое било друго место, туку и покажува дека мајката и таткото не се многу заинтересирани за нивното дете. Психолозите сметаат дека наместо игнорирање на плачењето и врескањето, потребно е детето прво да се праша дали нешто го боли и дали е гласно, жедно…

Ако проблемот е во тоа дека не е исполнета некоја желба, тогаш родителите би морале да му објаснат дека не е убаво да вреска на јавно место, додека сите го гледаат. Доколку солзите и понатаму течат и тоа без причина, културно е да го однесете од таму и некаде на само сериозно да разговарате со детето, без „публика“ и да му ставите до знаење дека таквото непристојно однесување нема да го толерирате.

loading...