Електронските цигари ослободуваат токсични и канцерогени испарувања

433

Електронските цигари ослободуваат токсични испарувања, а на степенот на нивната штетност влијаат повеќе фактори, како што се температурата, типот и староста, покажуваат резултатите од најновата студија спроведена во „Лоренс Баркли“ лабораторијата во Калифорнија.

– Заговарниците на електронските цигари велат дека емисијата на овие токсични испарувања е многу помала во споредба со обичните цигари, па се залагаат за тезата дека е многу подобро да се користат токму електронските цигари, вели еден од авторите на студијата, Хјуго Десталатис.

Електронските цигари2

Според него, ваквата теза е вистина за одредени корисници, како на пример, долгогодишните пушачи, кои не можат да престанат да пушат, па целта е во таков случај да го изберат помалото зло.

– Обичните цигари се ужасно нездрави, додека електронските цигари едноставно се нездрави, а во никој случај сигурни и безбедни, нагласува тој.

Лабораториските тестови покажале дека пропилен гиколот и глицеринот, две состојки кои се наоѓаат во многу течности за електронски цигари, во комбинација со топлина предизвикуваат емисија на токсични хемикалии, како што се акролеин, ацеталдехид и формалдехид. Сите тие или го иритираат респираторниот систем или се канцерогени.

Истражувачите дошле до сознанија и дека количеството на штетните хемикалии во електронските цигари се зголемува со секое наредно повлекување „димче“, односно се нејизното подолго користење.

Електронските цигари3

Од 8 август американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ќе воведе нови прописи во врска со електронските цигари, но и обичните цигари, водените лулиња, никотин геловите и сличните производи.

loading...