Еве како да ги исчистете дамките од тепихот брзо и едноставно

1606

Сигурно секогаш кога ќе забележите дамка на тепихот, веднаш клекнувате и почнувате да ја триете.

Но, тоа е најлошото што можете да го направите за вашиот тепих – постојат многу поедноставни и поефикасни начини за чистење на дамките.

Во само 4 чекори ќе се ослободите од тврдокорните засушени дамки од кафе, вино или земја од тепихот.

*Потребни ви се 2 пластични шишиња со распрскувач и 2 чисти сунѓерчиња. Во едното шише наполнете ладна вода, а во другото помешајте 1/2 лажичка средство за миење садови и 1/2 литар млака вода.

*Дел од чистото сунѓерче испрскајте го со мешавината од млака вода и средство за садови и со него тапкајте ја дамката, никако немојте да ја триете. Како што се водени дамката така се поминува со сувиот дел од сунѓерчето и се брише дамката од тепихот. Постапката се повторува неколку пати, колку што е потребно дамката целосно да се исчисти.

*Другото сунѓерче испрскајте го со ладната вода и со него чистете го средството од тепихот, а потоа со сувиот дел повторно тапкајте го делот на кој била дамката.

*Кога дамката целосно ќе се исчисти, на тоа место поставете хартиени крпи и врз нив ставете тешка книга или лонец. Во текот на ноќта, хартиените крпи ќе ги впијат евентуалните остатоци од дамката и водата од тепихот.

zona.mk

loading...