Домашни миленици – најдобрите пријатели на вашето здравје и лек за тагата

1019

Дружењето со кучиња позитивно делува врз здравјето и го одвлекува вниманието од проблемите – сопствениците на мачки и кучиња имаат понизок крвен притисок, помалку се нервозни и подобро се концентрираат.

Кучето е најдобар пријател на човекот. Покрај тоа, како и другите миленичиња, тој може да биде негов лек. Истражувањата покажуваат дека домашните миленици, особено влакнестите, позитивно влијаат на емоциите и на начинот на кој го гледаме светот.

И неколку минути во друштво на куче или мачка е доволно да се чувствуваме помалку нервозни и да се ублажат последиците од стресот. Телото доживува физиолошки промени кои влијаат на расположението.

Се намалува нивото на кортизолот, хормон кој се засилено излачува во стресни ситуации, а се зголемува производството на серотонин, невротрансмитер заради кој се чувствуваме смирени и среќни. Дури и милувањето на куче или мачка има благотворно влијание врз умот.

Грижата за миленичето, хранење, шетање и чистење го пренасочуваат вниманието од негативни мисли. Наместо до изнемоштеност да се занимаваме со вистински или претерани проблеми, во друштвото на кучето или мачката од својата глава “излегуваме” во реалниот свет. Нѐ водат од изолација кон која тежнееме кога сме со лошо расположение.

Без оглед на тоа во какво сме расположение, кучето мора да носи на прошетка најмалку два пати на ден. Во паркот се сретнуваме со други сопственици и комуникацијата се развива сама од себе.

  • Само да си тука … присуството на обучени кучиња во болниците или домовите за стари лица и изнемоштените им помага на луѓето да се чувствуваат помалку нервозни, покажала студијата
  • Без проблем: Домашните миленици можат да помогнат да го одвлечеме вниманието од физичките проблеми. А посебна полза имаме од чувствителните животни кои се особено внимателни кон болните
  • Помирни со кучиња – докажано е дека луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест помирни се и помалку нервозни со кучиња, а и оние кои се грижат за нив со кучето се чувствуваат опуштено
  • Час јога дога: сопствениците на кучиња се физички повеќе активни, отколку луѓето кои ги немаат. Во САД, постојат јога часови каде што можете да вежбате во друштво на своето куче. Оваа јога се вика – дога
  • Кучето е терапија на детето со нарушување на вниманието и ќе му помогне да научи одговорност и планирање. Кучето бара ред, па така, и детето ќе учи на ред, а ќе потроши и многу енергија играјќи со него и полесно ќе заспие

Со миленичето не си тажен ниту сам

Сопствениците на кучиња имаат понизок крвен притисок и побавен пулс додека извршуваат ментално стресни задачи од луѓето кои немаат миленичиња, покажале американските истражувања.

Тие полесно остануваат смирени и имаат повеќе самодоверба. Се чини дека присуството на домашното милениче позитивно делува. Жителите на домовите за стари и изнемоштени лица кои во студијата се покажаа многу осамени имаат голема корист од кучињата кои им доаѓаа во посета, покажала студијата. Згора на тоа, луѓето кои добиле куче со кое самите можеле да го поминуваат времето се чувствувале помалку осамени од оние кои беа во групата луѓе во која подарувале куче.

Се чини дека причината е таа што со миленичињата можеме да бидеме онакви какви што сме, дури и ако сме во најлоша состојба. Пријатно однесување на домашните миленици “лекува” и депресија, покажала една студија на Универзитетот во Тексас. Милувањето и играњето со нив, им помага на луѓето да го одвлечат вниманието од проблемот и да се посветат на себеси и моментите кои ги забавуваат и релаксираат.

Кучињата и мачките не се единствени “лековити” миленици. Папагалите, заморчињата, па и зајаците нѐ смируваат. Со нив побавно дишеме и зборуваме, а и нашите забрзани мисли забавуваат. Дури и златните рипки можат позитивно да влијаат врз здравјето, но исто така и на менталната рамнотежа. Тоа докажало и истражувањето на американскиот факултет за ветерина Пурдју спроведено на пациентите со Алцхајмеровата болест.

Пациентите на кои им служеле ручек пред аквариум повеќе јаделе и поретко оделе до масата од вообичаеното, што укажува на тоа дека смирувачката атмосфера на аквариумот имаше позитивно влијание врз нивната концентрација. И гледањето слики на младенчиња ја подобруваат концентрацијата и продуктивноста. Со поглед на мачиња и кученца расте и нашата способност да ги видиме деталите и во истиот момент да станеме посреќни, откриле јапонските научници од Универзитетот во Хирошима.

    • Прегрни го кучето! Студиите го докажале лековитото дејство на допир. Гушкањето го преплавува телото со окситоцин, хормонот кој ги намалува последиците на стресот, го намалува крвниот притисок и го забавува срцевиот ритам. Сето ова се случува и кога ќе прегрнеме мачка или куче
    • Милениците се голема одговорност која го поттикнува менталното здравје. Самодовербата расте кога ќе преземеме задачи и во решавањето ќе примениме знаење. Кога ќе успееме, ние се докажуваме дека можеме да се грижиме за себе и за друго суштество
    • Маче за срце – оние кои страдаат од депресија имаат поголеми шанси за кардиоваскуларни болести и срцев удар. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат мачка имаат 40 проценти помал ризик од смрт од срцев удар
    • Прошетка како лек – на депресивни луѓе движењето е како лек. Физичката активност го стимулира производството на серотонин, невротрансмитерот на среќа кој им недостасува. Ако имате куче, редовните прошетки се одговорност, а тие ќе го помогнат закрепнувањето
    • Важен е редот – ако вашето куче или мачка може да направат да се дигнете од креветот, ќе поттикнат активности важни за излекување. Миленичињата бараат ред, а тоа придонесува кон закрепнување

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...