Димкоски стана државјанин на Поетската република

1201

Поетот Филип Димкоски учествуваше на Осмиот Европски фејзбук фестивал што се одржа на 11 и 12 март во Нови Сад, во рамките на дваесет и третиот Меѓународен книжевен салон.

Беа пријавени околу 500 учесници од 21 држава, а на фестивалот настапија 130 учесници од Србија, Македонија, Словенија, Шведска, БиХ, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Покрај поетскиот настап со песната „Сонце на денот“, Димкоски доби „државјанство“ во „Поетската република“ основана минатата година од Банатскиот културен центар со цел обединување на поетите од целиот свет, која порачува дека светот треба да пее, а не да војува.

„Поетот може да припаѓа на Вселената, на природата, на планетава и на Поетската република“-рече Димкоски поздравувајќи ја публиката на поетскиот европски фестивал.

Од Македонија освен Филип Димкоски настапи и актерот Игор Трпчески кој лани ја доби првата награда на овој фестивал, па годинава по тој повод му беше објавена поетска книга која беше промовирана во рамките на книжевниот салон. Песната на Ана Бунтеска годинава беше во тесен избор за наградата.

Во рамките на салонот, на штандот на Банатскиот културен центар, Димкоски одржа саемско претставување на неговата книга „Дуга искона“ објавена на српски јазик.
Книгата беше достапна и на штандот на Сојузот на книжевници СКОР во кој Димкоски е член од минатата година.

По третпат, по барање на учениците од ОУ „Вељко Влаховиќ“ Димкоски заедно со наставничката Снежана Алексиќ Станојловиќ одржа еколошка поетско-ликовна работилница со ученици од прво до петто одееление. Заради ефективноста и интересот овие средби со учениците имаат тенденција да прераснат во традиционални.

Инаку, до крајот на јуни Димкоски го очекуваат уште две меѓународни претставувања во Бугарија (каде ќе настапи со кант-авторот Џина Паппас Џокси) и во Хрватска.

loading...