Гратчето Санта Клаус секоја година прима по 20.000 писма за Дедо Мраз

365

Во градот Санта Клаус (во превод Дедо Мраз), во сојузната американска држава Индијана, во време на божикните празници е исклучително работно. Секоја година тоа гратче е преплавено со повеќе од 20.000 писма упатени до Дедо Мраз.

Група волонтери, познати како виленици, секоја година вредно одговараат на секое писмо од сите краишта на светот, а интересно е дека поштарите им ги доставуваат дури и оние без адреса, туку се насловени само „За Дедо Мраз“.

Неуморните „виленици“, 300 на број, секому пишуваат одговор, а понекогаш тоа значи и по 2.000 писма дневно.

City of Santa Claus, Indiana, Pat Koch

– Неверојатно е да ги израдуваш децата, вели 86-годишната Пет Кок, главен виленик во градот. Таа се занимава со пишување одговори во име на Дедо Мраз уште од својата 11-та година од животот.

– Седиме овде, се смееме и плачеме, раскажува Кок.

– Ни пристигнуваат писма од деца, во кои нивните родители пишуваат: Научивме да користиме нокшир, па се надеваме дека Дедо Мраз ќе дојде или „Престанавме да го цицаме палецот“. Некои деца пишуваат многу тажни писма, како: Живеам со баба ми, но сакам да бидам со мојот татко.

Вилениците ја примаат писма и од постари луѓе, кои се осамени, па му пишуваат на Дедо Мраз. Писма пристигнуваат и од Јапонија, Кина и Малезија. Секое од нив се чита и му се одговара.

Is Tim Ahlemeyer, pastor at Santa Claus United Methodist Church, also Santa

А ситуацијата ќе беше сосема поинаква, доколку овој град го задржеше своето оригинално име: Санта Фе. Кога во 1850-та година, неговите жители побарале свој поштенски код, дојде до проблем. Веќе постоел град Санта Фе во Индијана, а државата не дозволи два идентични поштенски називи.

Тогаш, овој Санта Фе мораше да го менува името. По многу јавни дискусии и малку кавги, пред Божик децата се спуштале по снежните патеки и извикувале „Санта Клаус“, а потоа возрасните порачале: Нека биде така.

Со текот на годините, писмата упатени до Дедо Мраз почнале да пристигнуваат во поштата на градот, а од 1914 година почнала и праксата на испраќање одговори.

На почетокот станувало збор за мал број писма, па одговарањето на нив не претставувало премногу работа. Но како одминувало времето, морал да се зголеми бројот на волонтери. Денес, испраќањето одговори е сериозна работа.

Кок во 1976 година ја основала непрофитната организација „Вилениците на Дедо Мраз“, која собира донации и со нив ги покрива трошоците за испраќање писма од Санта Клаус.

Santa Claus

– Мислам дека никој не би требало да плаќа за писмото кое го добива од Дедо Мраз, вели Кок.

Секој одговор што го испраќаат е напишан рачно и посебно упатен до лицето кое му пишало на Дедо Мраз, без разлика дали е дете или возрасен. Волонтерите кои се занимаваат со оваа работа, понекогаш со часови патуваат за да ја извршат преземената должност.

– Повремено, мајките ни опишуваат како лицата на нивните деца биле насмеани кога добиле одговор од Дедо Мраз. Тоа е нашата најголема награда, изјави волонтерката Пет.

Оваа година, виленаците почнаа да испраќаат одговори од 27 ноември, бидејќи веќе примиле голем број писма од сите краишта на светот. Работата треба да се заврши пред 21 декември, а мораат да работат секојдневно, понекогаш и до доцна во ноќта.

loading...