Во Сплит и натаму трае панична потрага по келнери, готвачи …

1392

Проблемот со недостиг од сезонска работна сила постои веќе подолго време.

Досега сопствениците на објектите некако се снаоѓаа, а се чини дека тој проблем со оваа година поприми неочекувано големи размери. Келнери, готвачи и продавачи нема ни за лек.

Првата „потера“ се крена откако пулска слаткарница  на вратата извести дека нема кој да ги послужи, бидејќи немаат персонал, а брзо се откри дека таквата ситуација не е само во Истра, туку во последните недели и сплитските угостители мака мачат со недостаток на работна сила.

Адио Сплит

Дали проблемот е во тоа што повеќе нема работна сила на домашен пазар , или не сакаат да работат, или можеби повеќето од нив се снашле и одлучиле претстојните неколку летни месеци да ги „истуркаат“ и да се иселат од градот под Марјана и „со стомак по леб“ (читајте плата од 1000 евра и повеќе, како и голем бакшиш) да одат на хрватските острови, каде што со раширени раце ги примаат сопствениците на голем број дискотеки, плажа- клубови и ресторани- не знаеме.

Но ситуацијата е загрижувачка. Работниците бегаат од Сплит во исплатливи дестинации во Хрватска и надвор од „Лијепе наше“,  угостителите најчесто не сакаат да ангажираат келнери кои само што го испекле занаетот, кои имаат малку или воопшто немаат никакво работно искуство, а оние кои на крај, сепак, ќе се одлучат за тоа, обично не нудат плати како од приказните, бидејќи немаат „готов човек”.

А покрај сето тоа, секој гледа во куната, работната сила во куната повеќе, а угостителите во куна помалку, па честопати доаѓа до незадоволство уште на самиот почеток на преговорите меѓу тие две страни. И, следствено на тоа, во центарот на градот од ден во ден, на излозите на продавниците и на вратите на кафулињата, гледаме се повеќе и повеќе бели А4 листови на кои „болдирано“ пишува бараме келнери, продавачи, работници …

– Итно ни се потребни четвори работнички, по две во секоја смена. Ако сте заинтересирани, што се однесува до нас, можете да започнете со работа веднаш во утринските часови. Работното време е од 9 до 15:30, односно од 9 до 16: 30. Имаме и смена од девет и пол до полноќ, од 15:30 до 23:00 и од 16:30 до еден часот. Се менуваме по смени. Платата е четири илјади куни плус за ноќна работа и работа за време на празници – ни вели вработена кај која, за потребите на текстот,  се информиравме за условите за работа за потребите на текстот и го запишува бројот на раководителката на фирмата на хартија.

Се бара!

Таа напоменува дека е многу задоволна од работното место продавачка на слатки во старото градско јадро, поради што веќе четири години не ја сменила работата. Ниту излозите во Мармонтовата улица не ги заобиколија пусулчиња со напис дека се во потрага по работна сила. Познати светски бренд  за долен веш  бара „сезонци“, но на нашето прашање за условите од продавачката не дознаваме многу.

Имено, потребна е биографијата и мотивациско писмо да се испрати на и-маил адреса на продавницата, или лично да се донесе во филијалата,  а потоа некој ќе ни се јави и ќе не повика на разговор во кој ќе дознаеме на што тоа воопшто сме се пријавиле.

Малку комплицирано- помислувам…Кој би се пријавил за работа за која не знае речиси ништо освен дека ќе продаваш долен веш. Не е ни чудно што бараат работници.

Во маалско кафуле плата до 4500 куни

– Во маалските кафулиња воглавно се работи од 7 до 15 часот  и од  15 до полноќ,  платата е од три и пол илјади до четири и пол илјади куни. Има по еден ден слободен во неделата. Секое малку подобро сплитско кафуле во кое има повеќе работа нуди 5000 куни плата.

Во рестораните и кафулињата на плажа, платите се поголеми, знаат да бидат околу седум илјади куни, но разните комбинации на работењето во смени околу кои детално се договара  со газдите и обично оној кој работи попладневна смена, дома не  си оди пред 2 часот.На островите и во популарните туристички дестинации нема слободни денови, тука и таму се случува да го добиеш, но тоа е реткост. Платите се добри, почетната е седум илјади, а расте во зависност од позицијата и искуството на персоналот.

На островите и на местата покрај брегот многу повеќе се работи, напојниците се одлични и тоа е причината поради која се „истуркува” тоа што нема слободни денови. Надвор од центарот, сплитските кафулиња обично многу помалку работат, што се одразува и на платата и на напојницата.

Поради тоа маалските кафулиња најдолго се во потрага по работници, а не можат да донесат келнери и готвачи од, на пример Словенија, бидејќи луѓето немаат каде да се сместат, а да му плаќаат на некој сместување, за сопствениците е прескапо. А ниту еден  работник нема да работи за така мала плата и уште себеси да мора да си плаќа сместување.

Слободна Далмација/МИА

loading...