Бескрајна шума од пајакови мрежи во Австралија

539

Во руралните средини на Викторија, една од шесте федерални држави на Австралија, се наоѓа најстрашната „шума од пајаци“, која името го добила според пајаковите мрежи што имаат таква големина што прекриваат цели полиња и дрвја.

Се смета, имено, дека нормална појава на масовната миграција на бебиња на овие животни кои припаѓаат на гурпата членконоги, го предизвикува настанувањето на „прекривка“ од зелени површини што потсетува на мраз, јавува порталот Виралнова.

1Бескрајна шума од пајакови мрежи-001

Како што наведува порталот, застрашувачката глетка на прекриена трева и дрвја од огромни мрежи од пајаци, како сцени од хорор филмовите, локалните жители ти тера да не ја посетуваат шумата во време на „селидба“ на пајаците на различни страни.

Многу млади пајаци користат техника позната како „балонирање“ со која се препуштаат на ветрот што ги носи на некои други места, каде потоа се населуваат.

2Бескрајна шума од пајакови мрежи-001

Пајацие на тој начин можат  со милји да патуваат летајќи, па затоа секој континент и секоја земја има пајаци, дури и Антарктикот каде не успеваат долго време да опстанат заради непријатната клима.

Некои пајаци, инаку, истражувачите ги имаат пронајдено како летаат 1,5 милји во височина, а интересно е дека „балонирањето“, исто така, е причина зошто тие се единствени форми на живот на новоформираните вулкански острови.

3Бескрајна шума од пајакови мрежи-001

„Доколку мислите дека наоѓањето пајаци во аголот од собата е некакво застрашувачко искуство, бидете среќни што не живеете во овие краишта“, гласи пораката на порталот Виралнова.

loading...